Трамп: Соборивме ирански дрон во Ормутскиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американски разорувач соборил еден ирански дрон во Ормутскиот Теснец меѓу Оман и Иран, кој го спојува Персискиот со Оманскиот Залив.

Трамп изјави дека се работи за уште една непријателска акција на Иран и ги повика другите земји да ги осудат, како што ги нарече, иранските обиди да се наруши слободата на пловидба и глобална трговија на стратешките морски патишта во Персискиот залив.

Тој прецизираше дека дронот е соборен во одбранбена акција на американскиот разорувач „Боксер“, откако иранското летало му се доближило на бродот на помалку од еден километар и не одговорило на неколку повици да се повлече.

Но Иран тврди дека такво нешто не се случило.– Денеска немаме никаква информација за загуба на дрон, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. Тој не кажа ништо друго во врска со наводниот инцидент.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ