Трамп ќе дава „зелени карти“ на високо образованите

Американскиот претседател одлучи да ја смири реториката кога станува збор за имигрантите. Предлага „зелената карта“ да ја добиваат само интелигентите и образовани имигранти. Својот став го објасни со тоа што, досега Америка ги дискриминирала овие брилијатни умови, и „зелената карта“, односно дозволата за престој им се доделува на  ниско квалификувани лица со мали заработувачки.

Случајниот избор е спротивен на американските вредности и блокира многу квалификувани потенцијални имигранти од целиот свет, кои имаат многу да придонесат. Многумина и не веруваат, колку земји, како Канада создаваат чист пат за врвни таленти, Америка не го прави тоа. Под овој неразумен моментален систем, ние не можеме да му дадеме предност на докторот, истражувачот, студентот кој бил првенец во својата генерација во најдобрите светски универзитети, рече Трамп.

Трамп предлага Америка да доделува ист број на зелени карти, но над 55% ќе им бидат доделени на врвните студенти, професионалци и високо-образовниот кадар. Оние, чии роднини веќе живеат во САД, нема да бидат во прв план.

Демократите ја одбиваат оваа негова идеја, за која велат дека е „смрт во доаѓање“. Според нив, новиот предложен систем не нуди можност за добивање државјанство на т.н. сонувачи, а тоа се стотици луѓе кои во Америка пристигнале како деца, а се уште немаат законско право да останат. Дали ова значи дека луѓето кои немаат инжињерска диплома не се вредни?, прашуваат демократите.

Во меѓувреме, имигрантите кои добиваат државјанство во Америка, не се свесни за новите правила на Трамп, но апелираат за закон преку кој полесно ќе се дојде до САД.

Се надевам дека следниот претседател, или нашата следна влада ќе ги промени правилата за луѓе како нас, да добијат можност да дојдат во САД за да имаат слободен живот тука, и да направат промена, вели Суданецот Јакуб Ахмед, сега натурализиран Американец.

Сепак, предлогот на Трамп е неизвесен, тој не е прифатен и кај неговите Републиканци, а не па да помине во Конгресот, каде мнозинството го имаат Демократите. Дополнително, овој предлог нема да им помогне на фармерите кои вработуваат сезонски работници. Сепак, аналитичарите сметаат дека планот е повеќе кампањски документ, обид на Белата куќа да ја надмине реториката на „градење на ѕидови“, со цел на Трамп да му обезбеди втор мандат.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ