Трамп ја номинираше Kејт Марие Бурнс за нова амбасадорка на САД во Македонија

Kејт Марие Бурнс ќе биде нова амбасадорка на САД во Македонија официјално соопшти Белата Куќа.

Нејзината номинација од претседателот Доналд Трамп ќе треба да биде одобрена од Сенатот на САД. Станува збор за кариерна дипломатка, која во Скопје доаѓа од позицијата заменик-амбасадорка на САД во Атина.

Претходно била и заменичка-амбасадорка на САД при ОБСЕ во Виена. Служела во американските дипломатски мисии во Шпанија, Боливија, Унгарија, Турција. Го водела и одделот за односи со јавност во мисијата на САД во НАТО. Има диплома и магистратура од престижниот Универзитет Џорџтаун.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ