Трамп: Иран сака средба со САД

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака средба со САД.

-Можам да ви кажам дека Иран сака средба со нас, изјави Трамп доцна синоќа пред да отпатува за Балтимор.

Трамп не ја исклучи можната олеснување на санкциите кон Техеран за да се отвори патот за средба со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Американскиот претседател неодамна изјави дека средба е можна, но иранскиот претседател ја условил со укинување на санкциите на САД, воведени за Иран.

Тензиите меѓу САД и Иран се зголемија во 2018 година, откако САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа санкции за Техеран. зш/

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ