Трамп го минираше и го напушти изолиран Г7

Втор и последен ден на Г7 самитот на најидустријализираните земји на светот, кој Доналд Трамп прво го расипа, а веќе и го напушти. Доналд лета накај Сингапур два дена пред средбата со севернокорејскиот диктарот, оставајќи ги европските лидери сами да го затворат самитот во Канада.

Неговиот став дека Русија треба да се врати да биде дел од Г8, не наиде на поддршка, и останатите членки, меѓу кои и двосмилената и популистичка Италија, едногласно заклучија дека Москва ќе се врати на масата само после евентуален напредок околу украинската криза.

„Ситуацијата оваа година е многу покомплицирана. Споредбено со одлуките на Трамп, неговото однесување со наметнување на неговите мисли врз другите е многу деструктивно. Тој го напушти преговарачкиот пристап со традицоналните сојузници и кооперативни партнери“.

Трамп од Г7 самитот излегува осамен и изолиран, дотаму што Вашингтон пост самитот го нарече Г6 и Трамп. Весникот потсетува дека самитот беше концепиран како еден вид на конклава за договарење меѓу најнапредните капиталистички демократии, уште пред 40 години, во полн ек на Студената војна. Целта беше токму избегнувањето на трговските недоразбирања и кризи како со тарифите за увоз на челик и алуминиум на Трамп, и избегнување тие да прераснат во политички поделби. Но, по падот на советската империја, Г7 прерасна во институција која го застапува слободниот пазар, претставничката демократија и правната држава. Оттука, желбата на Трамп да внесе немир и раздор во Г7, не е обична игра, туку удар врз самите западни вредности.

„Ваква конфронтација како на канадскиот Г7 се нема појавено долго време помежу Европа и САД или помеѓу Канад и САД. Европските земји истакнаа дека нема да прифатат компромис доколку преговорите пропаднат бидејќи Трамп настојува со неговите позиии и наметнување на својата волја врз другите. Крајната цел е да ги натера сите земји да се вратат на преговори“.

Трамп не го интересираат институции. Него го интересираат лидери, луѓе во позиција на моќ со кои може директно да преговара, мислејќи дека ќе излезе како победник.

И додека Ер Форс 1 лета накај Сингапур, време е да се запрашаме, со падот на Г7, и влошените односи ЕУ и САД, што може да биде замената. Во главата на Трамп тоа е еден Г3, привилигиран и близок однос со Русија на Путин и Кина на Џипинг, две светски сили кои драматично се уназадуваат на полето на демократијата. Целта е да се владее светот, ќе каже во еден наврат Трамп. Прашањето околу западните вредности, либералните демократии и човековите права, не го тангираат некогашниот лидер на слободниот свет. Него го интересираат моќните лидери.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ