Трамп би прифатил информации за ривалите од странски извори

Во интервју за телевизиската мрежа АБЦ, Американскиот Претседател Доналд Трамп, изјави дека би прифатил потенцијално штетни информации за неговиот противник во изборите во 2020-тата година, дури и тие да доаѓаат од странска влада.

“Ако имаат информација, јас ќе ги ислушам. Нема ништо лошо во слушањето.” – изјави Трамп, негирајќи дека тоа претставува мешање во изборниот процес во САД. Тој додаде дека можеби би го повикал ЕфБиАЈ доколку мисли дека има некаков проблем со информациите.

Обвинувањата за соработка со странските сили, конкретно Русија, го одбележаа првиот мандат на Трамп досега, што резултираше и со долга истрага на специјалниот обвинител Роберт Малер.

Иако извештајот на Малер заклучи дека нема докази за соработката на Трамп со Русија, неговите политички ривали се уште поставуваат прашања и некои дилеми и натаму не се разјаснети.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ