Трајковски дојде во суд, се пожали дека не е во добра здравствена состојба

Почна денешното рочиште за судскиот процес за “ТНТ”. Обвинетиот Тони Трајковски овој пат се појаве во судницата и кажа дека тоа го направил без покана и без полиција.

Судењето за “ТНТ” почна од почеток, заради сменети поротнички. Повторно беше одлучено на Груевски да му се суди во отсуство, кој по службена должност го има Мехмет Сефери.

Обвинетиот Миле Јанакиевски кажа дека има измени кај него, од минатиот пат кога оставил податоци дека сега е невработен.

Тони Трајковски се пожали дека не е во добра здравствена состојба а неговиот адвокат доставил медицинска документација во која доктор препорачал терапија и заради тоа не може да присуствува на судски процес.

Трајковски кажа дека бил на боледување и дека според него ќе излезе дека не оди на работа а на суд оди.

Судијата одговори: ова колку што се разбирам од медицина не е страшно и така се собравме сите да дојдеме до воведни зборови.

Обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски а неговиот адвокат Страшевски не се  согласи со овој предло, велејќи дека за 10-тина дена ќе биде во подобра состојба.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ