Трајковски четири години во Мајорка

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски кариерата ќе ја продолжи во Мајорка. Тој денеска потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува 650 илјади евра по сезона. Трајковски е третиот наш репрезентативец кој ќе игра во Ла Лига заедно со Енис Барди и Столе Димитриевски.


Трајковски во Мајорка доаѓа од Палермо како слободен играч откако во италијанскиот тим мина четири сезони и на 113 натпревари забележа 20 гола и 16 асистенции.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ