Трагедија во српскиот ракомет: Поранешен репрезентативец се самоуби

Српскиот ракометар Новак Бошковиќ извршил самоубиство во семејниот дом во Црвенка. 29-годишниот Бошковиќ си пукал со пиштол во глава.

За време на самоубиството, во станот била и неговата сопруга, а засега не се познати мотивите за самоубиство. Истрагата е во тек.

Бошковиќ е роден во Сомбор, а за време на својата кариера го носеше дресот на Копер, Макаби Тел Авив, Татабања и Динамо Букурешт.

Тој имаше и пет настапи за репрезентацијата на Србија за која настапи на Европското првенство во 2016 година во Полска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ