Торонто поуспешен од Сакраменто, Далас ја прекина низата порази

Кошаркарите на Торонто го совладаа Сакраменто и ја забележаа третата последователна победа, Далас славеше над Лос Анџелес Клиперс и ја прекина серијата од четири порази во низа.

Торонто триумфираше над Сакраменто со 120:105. Во отсуство на Каваи Леонард, прва ѕвезда во тимот беше Кајл Лори со 19 поени и девет асистенции, Фред ВанФлит забележа 19 поени и седум скока додека Паскал Сиакам беше стрелец на 18 поени. Во поразениот тим Марвин Бегли имаше учинок од 22 поени и 11 освоени топки, а Богдан Богдановиќ впиша 16 поени, девет додавања и осум скока.

Далас го совлада Лос Анџелес Клиперс со 106:98. Харисон Барнс постигна 20 поени, Лука Дончиќ мечот го заврши со 17 поени и седум асистенции додека Денис Смит додаде 17 поени и осум освоени топки. На спротивната страна Патрик Беверли забележа 16 поени и девет скока, а Ејвери Бредли и Лу Вилијамс постигнаа по 15 поени. Во останатите натпревари Оклахома – Портланд 123:114 и Феникс – Минесота 91:118.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ