Торонто ја прекина серијата порази, Феникс почна да победува

Водечката екипа на Истокот, Торонто го совлада Индијана со 99:96 и ја прекина серијата од два последователни порази. Каваи Леонард мечот го заврши со 28 поени и 10 скока, а Паскал Сиакам забележа 17 поени и седум освоени топки. Во поразениот тим Виктор Оладипо беше стрелец на 20 поени, а Бојан Богдановиќ додаде 18.

Кошаркарите на Хјустон уфрлија рекордни 26 тројки во дуелот со Вашингтон и забележаа победа од 136:118. Џејм Харден имаше учинок од 35 поени и девет асистенции, Крис Пол впиша 21 поен и осум додавања додека Клинт Капела имаше 20 поени и 12 скока. На спротивната страна Бредли Бил постигна 28 поени, а Џон Вол додаде 18 поени и 12 додавања.

Феникс славеше против Бостон со 111:103 и ја забележа четвртата едно по друго победа. Девин Букер имаше 25 поени и осум асистенции, а Деандре Ајтон впиша 23 поени и 18 скока. Во редовите на домаќинот најефикасен со 29 поени беше Кајри Ирвинф, а Џејсон Тејтум додаде 18 поени и осум освоени топки под обрачите.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Кливленд                       110:99

Орландо – Сан Антонио              90:129

Филаделфија – Њујорк                131:109

Чикаго – Бруклин                            93:96

Милвоки – Њу Орлеанс               123:115

Минесота – Детроит                     123:129 (продолжение)

Јута – Голден Стејт                         108:103

Портланд – Мемфис                      99:92

Сакраменто – Оклахома             113:132

 

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ