Топ Тема: Партиските ставови за одлуката на министерскиот совет во Луксембург

Ова е доказ дека ова не е лесно прашање за ЕУ, досега имаше 4 состаноци на амбасадорско ниво и еден министерски состанок но не успеа да постигнат договор, пред се затоа што Франција пред се го отвора прашањето за воспоставување нова методологија за преговорите пред да се одобри почнување на преговори за членство во ЕУ, изјави Бојан Маричиќ ,преговарач и посебен советник за евроатлански интеграции во Владата, по вечерашниот состанок министрите за Европа на земјите членки на ЕУ.

Според него, за нашата држава е најважно дека државите членки јасно ги кажале ставовите и речиси сите немаат забелешки.

Маричиќ подвлече дека со најавата дека Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе го отвори ова прашање за дебата на самитот на европските лидери, тоа се подигнува на највисоко ниво.

Христина Рунчева – Тасев од ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека сите политички партии го споделуваат ставот дека Македонија треба да добие датум за преговори, но европските лидери ја потенцирале незавршената домашна работа. Според Рунчева – Тасев, Македонија поминува низ турбулентен период во кој се испраќаат обесхрабрувачки сигнали до нашата држава.

Таа повтори дека ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш по состанокот на европските лидер да се закажат брзи, вонредени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го кажат својот став за случувањата во државата.

Малинка Ристевска Јорданова, член на управниот одбор на ЕПИ, оцени дека за жал во нашата држава досега не се изградила единствена државна стратегија за процесот на евроинтеграции. Според неа, има 2,3 опции. Основното прашање останува дали прво ќе мора да се менува методологијата за спроведување на преговориет за членство во ЕУ па потоа да добиеме отворање на преговорите. Прашањето останува жешко и ќе се занимаваме подолго време со него, вели Ристевска Јорданова. Таа апелираше и партиите да престанат со меѓусебните обвинувања.   

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ