Топ Тема На Ваша Страна: Урбанизам или урбанистички хаос (09.05.2018)

Едно ветуваа пред избори друго реализираа откако ги избраа. Аеродром, Карпош, Бутел се само дел од Општините каде градоначалниците не ги исполнија ветувањата за градбите и урбанизмот. Зошто само Центар успеа да стави мораториум за градби? Зошто ДУП- oвите се обврзувачки за некои, а за други не? Кој го штити граѓанинот и неговиот простор за живеење? Што предвидувале планерите, а што всушност се гради на терен? Жителите на некои населби револтирани и разочарани!
Дебатираат: Јана Белчева Андреевска – преседател на Советот на Општина центар, Иван Кокалановски Раководител на Секторот за урбанизам во општина Аеродром, Иван Арсовски од Агенција за просторно планирање, професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет.

 

 

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во Топ Тема на Ваша Страна

Оваа страница е изготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржините и ставовите искажани на страницата се одговорност на ТВ Телма и не ги изразуваат ставовите на УСАИД и на Владата на САД.