Топ Тема 29.11.2019: Скопје се позагадено

Во Скопје воздухот мириса на хемикалија , граѓаните се жалат на печење во грлото и кашлање. Во Куманово измерени рекордни 35 пати позагаден воздух од нормалното. Македонските градови се погоре на листата најзагадени во светот! Но зошто нема подобрување? Зарем инверторите се најефикасното оружје за борба против загадувањето? Зошто мазутот се уште е главен енергенс за затоплување на најголем број болници и училишта? Зошто домаќинствата и администрацијата се најголемиот производител на ПМ2.5 и ПМ10 честички? Зошто Владата наместо долгорочна стратегија за справување со големите загадувачи од индустријата применува краткорочни мерки за борба против загадувањето?На овие и други прашања во Топ Тема одговара Јани Макрадули Заменик министер во Министертвото за за животна средина .

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во Топ Тема на Ваша Страна

Оваа страница е изготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржините и ставовите искажани на страницата се одговорност на ТВ Телма и не ги изразуваат ставовите на УСАИД и на Владата на САД.