Топ Тема 18.06.2019

Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври на прашањето за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е исходот од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург.

Тие го поздравуваат Преспанскиот договор и договорот со Бугарија но го одложија прашањето за датум за почеток на преговори заради кусиот тајминг . Остануваме во пакет со Албанија за која е речиси идентична формулацијата за одлагањето на ова прашање. Ова е веста од Луксембург за која вечерва во Топ Тема дебатираше Снежана Лупевска Созен  со Симонида Кацарска од Институтот за европска политика, државниот советник за европски политики и координација, Драган Тилев и Александар Николовски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во Топ Тема на Ваша Страна

Оваа страница е изготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржините и ставовите искажани на страницата се одговорност на ТВ Телма и не ги изразуваат ставовите на УСАИД и на Владата на САД.