Топ Тема 03.12.2019

Сериозни препирки на конференцијата на НАТО во Лондон-За Трамп изјавата на Макрон дека Aлијансата е во мозочна кома е валкана и понижувачка.

Ердоган се заканува дека ќе го попречи дејството на Алијансата на Балтикот доколку НАТО не ги признае курдските воени групи како терористи.

Во вакви услови Макеоднија очекува прием. Што треба да направи земјава на планот на одбраната? Дали е приоритет купување на нова воена опрема или инвестирање во одбрана од опасноста на модерното време –сајбер напади.

Зошто не инвестираме повеке во воената дипломатија? Вечерва во Топ Тема вклучување во живо од Самитот во Лондон, интервјуа со министерката за Одбрана Радмила Шекеринска и Томаш Валашек од Карнеги.

Во студиото на Телма дебата со поранешниот амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и Исмет Рамадани, претседателот на Евроатланскиот Сојуз.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во Топ Тема на Ваша Страна

Оваа страница е изготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржините и ставовите искажани на страницата се одговорност на ТВ Телма и не ги изразуваат ставовите на УСАИД и на Владата на САД.