ТИНЕЈЏЕРКАТА АНДРЕСКУ ГО ОСВОИ УС ОПЕН

Откритието од 2019 во женскиот тенис е Бјанка Андреску.Канаѓанката со потекло од Романија го освои УС Опен во голем стил.Првото ГС финале во кариерата ,19 годишната Бјанка го претвори во титула иако од другата стрна на мрежата ја имаше Серена Вилијамс, носителка на 2.3 ГС трофеи.Андреску победи во два сета со 6-3 и 7-5, а само неискуството  на 19 годишната тенисерка спречи дебакл на американката која играше 10-то финале во Њујорк и застана на 6. наслови.Андреску е прва канаѓанка со Грен слем пехар во сингл и прва тинејџерка после Марија Шарапова со титула од турнир на Големата четворка.Пред УС Опен,Андреску во 2019 триумфираше на Мастерсот во Индијан Велс и на Роџерс купот во Монтреал.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ