Тимоние: успешни избори, реформи и закон за обвинителство

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние смета дека до самитот во Загреб, ЕУ ќе биде подготвена со нова методологија за преговори за пристапување во унијата.

-Знам дека предлогот на комисијата треба да го добиеме до крајот на месецов. ова не се одлучува еднострано. Има консензус за нашите предлози. Не очекувам компликации бидејќи нашите предлози беа базирани на аргументи за кое е потребно време. Мислам дека до самитот во Загреб ќе бидеме спремни, вели францускиот амбасадор Тимоние за утрински брифинг.

За старт на преговорите, пак, вели, тоа ќе зависи од успешно спроведување на изборите, реформската агенда и усвојување на законот за обвинителство.

– Потребни ни се успешни избори, прогрес во агендата, бидејќи постои методологија, но постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за обвинителството, нагласува францускиот амбасадор Тимоние.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ