Тенисерите го решија Исланд, утре на мегдан со Албанија

Македонската тениска репрезентација го победи Исланд во првото коло на турнирот во Варна, Бугарија во рамки на третата група во Дејвис-купот.

Нашите тенисери беа подобри во сингл конкуренција и поведоа со 2-0 со што ја обезбедија победата, а потоа загубија во двојки.

Во сингл најпрво Горазд Србјак со 6-0 и 6-2 го совлада Егил Сигурдсон, а потоа работата ја заврши и Димитар Грабул исто така во два сета со 6-2 и 6-3 против Биркир Гунарсон. Исландската двојка Магнусон и Сигурдсон беше подобра од Ѓорѓи Јанкуловски и Стефан Мицов со 7-6 и 6-4.

Селекцијата на Албанија утре е вториот предизвик за нашиот тим, која денеска загуби од домаќинот Бугарија. Само првопласираната репрезентација продолжува во финале, каде ќе се бори против победникот од вториот турнир за пласман во Втората европска зона.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ