Телма меѓу вработените во ноќната смена на Брзата помош – со посебни возила се пренесуваат и ковид позитивните пациенти

Екипата на Телма вечерва беше меѓу вработените во брзата помош.

Во интервјуто за нашата екипа, раководителот на ноќната смена,  Марина Сотировска, потврди дека располагаат со посебни возила со кои се транспортираат ковид позитивните пациенти, екипите се опремуваат со заштитна облека по стандардите на СЗО и се пренесуваат во координација со центарот за јавно здравје и инфективна клиника.

Сотировска информираше и дека имале случај за пациент кој подоцна бил потврден како ковид позитивен. Екипата која работела со пациентот, била веднаш испратена на домашна изолација и било направено тестирање кое било негативно.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ