Телма дознава: Тинејџер е креатор на групата „Јавна соба“, каде се споделувани клипови на малолетнички со интимна содржина

Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата  Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР. Во групата  формирана на социјалната мрежа Телеграф  беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.

Средношколци но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над  7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни.

Истрагата на полицијата е во тек, а информирано е и Јавното Обвинителство. Ескпертите велат дека ова е само една од десетината вакви групи кои циркулираат на интернет.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ