Телефонски разговор Трамп – Макрон за Иран и оданочување на дигиталните гиганти

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон вчера телефонски разговарале за иранското досие, во најновите тензии меѓу САД и Исламската република.

Двајцата претседатели разговараа за „тековните напори да се гарантира дека Иран нема нуклеарно оружје“, сопшти Белата куќа во краток извештај по разговорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во разговорот, исто така, му ја изразил својата загриженост на Макрон, кој планира да воведе национален данок за дигиталните гиганти, соопшти Белата куќа.

Трамп побара во средата да се отвори истрага за овој проект што може да го наведе Вашингтон да воспостави нови трговски бариери или ограничувања.

Истрагата според Секцијата 301, која може да трае до една година, е да се утврди правичноста на комерцијалните практики во однос на американските компании. Таквите истраги во минатото се фокусираа на трговските практики на Кина и субвенциите што ги доделува Европската Унија на „Ербас“.Француските пратеници и сенатори на крајот на јуни се согласија да најдат заедничка позиција за законот за оданочување на дигиталните гиганти, отворајќи го патот за конечно усвојување на законот на краток рок.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ