Театарот од Прилеп награден на фестивалот на актерот во Никшиќ

Претставата „ Љубовни пози на историјата“, по текст на починатиот драматичар Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска Петров, освои три награди на сношти завршениот меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ-Црна Гора. Ансамблот на театарот од Прилеп, освои Гран при за колективна актерска игра, а уште две Гран при награди, за епизодна машка и женска улога, понесоа актерите Ангела Наумоска ( за ликот на Госпоѓицата) и Зоран Иваноски (за улогата на Мајсторот). Според режисерот Горан Булајиќ, театарот „ Војдан Чернодрински “ , од Прилеп, низ претставата „ Љубовни пози на историјата“, прикажал тотален театар кој оригинално ги пренел сценските метафори што не засегаат сите нас, денес. Во рамките на Фестивалот на актерот во Никшиќ, се одржа и омаж за животот и делото на Горан Стефановски.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ