Тајната служба регрутира студенти, а директорот не открива какви државни тајни се најдени кај Ременски

Соработува со надлежните, но не открива детали. Директорот на АНБ Виктор Димовски 3 и пол месеци откако во претрес на домот на осомничената Фросина Ременски беа најдени доверливи документи во претрес, не соопштува јавно дали во тие државни тајни се скриени сериозни кривични дела, како што тврдеше пратеничката осомничена во случајот Рекет.

Директорот Димовски тврди дека новата агенција стара неполни 5 месеци функционира добро и согласно законот, наспроти претходничката УБК која мораше да згасне после честите злоупотреби на тајната служба.

За нови кадри во службата, по свежа крв дојде на Универзитетот Кирил и Методиј.

Потпишаа меморандум за соработка со ректорот Јанкуловски, а АНБ ќе им понуди работа на најдобрите студенти од техничките и општествените науки.

За соработка, АНБ ќе потпише договори и со останатите македонски универзитети.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ