(видео)Тајфунот Камури остави пустош на Филипините

Тајфунот Камури пристигна многу порано од предвиденото на Филипините. Доцна синоќа, ветрот со јачина од 155 километри на час го погоди филипинскиот остров Лузон, каде корнеше покриви, дрвја, уништи куќи, патишта, а потоа продолжи да пустоши и во останатиот дел од државата.

Аеродромот во Манила остана без електрична енергија, затворени се сите терминали, а без струја се речиси 10 илјади домаќинства. Претходно беа евакуирани 200.000 луѓе од крајбрежните и планинските делови на Филипините поради опасност од одрони на земјиштето. Властите предупредија на пролонгирано траење на поројните дождови од кои се стравува дека може да настане масивно одронување на земјиштето. Засега нема информации за жртви и повредени.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ