Тага и среќа, измешани чувства за трансплантацијата на срце

Звукот од отчукувањето на срцето ги измеша емоциите на тага и радост за две македонски семејства.

Диневи од стар дојран ја изгубија својата мајка и сопруга, Огњановски добија татко и сопруг по втор пат. Ги спои срцето на Емилија Динева која во понеделникот утрото не ја преживеа несреќата со својот мопед.

Моментот кога удрила во бетонски ѕид бил кобен, со скршен череп завршила на скопските клиники.

Три дена мозокот не дал никакви знаци на живот, а нејзините блиски биле исправен пред најтешката одлука. Да се исклучи од апарати, но и да се исполни една од најблагородните мисии на еден човек.

Со својот да спаси туѓ живот. Потпишале согласност дека Динева пред смртта ќе стане прв донор на срце На другиот крај од земјава 54 годишниот Иван Огњановски веќе ја губел битката за својот живот.

Бил прв на листата на чекање на донор, откако еднаш веќе на неколку минути неговото срце сопрело, а докторите му вградиле пимпа за подршка на неговото ослабено срце.

Емилија не спаси еден туку три животи. Ги донираше и своите бубрези па денеска уште двајца добија живот. Нејзиното семејство не можеше да говори за Телма. Прв сосед е градоначалникот на Дојран кој лично ги познавал и кој вели дека се скромно но хумано семејство.

Диневи и Огњановски не се познаваат. Иван се опоравува од операцијата но неговиот син ветува дека ќе се запознае со семејството кое му дари нова шанса.

Животните приказни како оваа што двете семејства го живеат денеска веќе е опеано во песните на големите музички имиња. Но ова за нив не е песна, ова е реалност во која не само срцето туку и идејата ги поврзува, дека секој мора да биде потенцијален донор.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ