„Светците“ го буткаат Реал Мадрид европскиот престол

Повредата на Нејмар, кој ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, сигурно е голем хендикеп за ПСЖ во пресрет на реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампионите, но во никој случај францускиот тим не е аутсајдер против Реал Мадрид.

Задачата да се елиминира европскиот првак и да се анулира негативата од 3-1 нема да биде воопшто лесна ниту на „Паркот на принцовите“, но и без Бразилецот во екипата, „светците“ имаат фантастично квалитетен состав.

Унаи Емери ќе може да смета на Маркињос и Килијан Мбапе, кои се опоравија од повредите, додека и кај Зинедин Зидан подготвени за игра се Лука Модриќ и Тони Крос. Се чини дека Реал Мадрид полека влегува во вистинска форма во финишот од сезоната и делува на далеку подобар тим отколку на стартот на натпреварувањето.

ПСЖ ќе мора да одигра перфектен натпревар за да ги анулира оние 3-1 од Мадрид. Интересно е тоа што досега овие тимови два пати се сретнале во елиминациската фаза во европските купови, поточно во уефа купот и купот на победниците на куповите и два пати ПСЖ го елиминирал Реал Мадрид.

На вториот вечерашен натпревар нема дилеми, кој оди во четвртфиналето. Ливерпул ја заврши работата уште на првиот натпревар во Порто, кога славеше со убедливи 5-0. Вечерашниот реванш на „Енфилд роуд“ е добар повод за двете екипи без резултатски притисок да одиграат еден фантастичен натпревар со многу голови.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ