Светското клупско првенство од 2021 во нов формат

По најавата за зголемувањето на бројот на репрезентации кои ќе партиципираат на Светското фудбалско првенство, ФИФА предлага нов систем и за клупскиот Мундијал. Континенталните асоцијации дадоа поддршка за оваа идеја, а само УЕФА се заканува со бојкот.

ФИФА не се откажува од намерата да организира Светско клупско првенство кое ќе има сосема поинаков формат од сегашното. На клупскиот Мундијал е предвидено да партиципираат 24 екипи, а натпреварувањето да се одржува во текот на летото. Според најавите Светското клупско првенство во новиот формат ќе почне да се организира од 2021 година, а предвидено е да трае од 17 јуни до четврти јули.

На клупскиот шампионат Европа ќе ја застапуваат осум клуба и тоа освојувачите на трофеите во Лигата на шампионите и Лига Европа во последните четири години. Шест екипи ќе доаѓаат од Јужна Америка, три од Азија и Централна и Северна Америка и еден од Окенија. ДОколку некои од тимовите се повеќекратен освојувач на трофеј празните места ќе се пополнуваат според ранглистата на континенталната асоцијација.

Дваесет и четирите клуба ќе бидат поделени во осум групи по три, а пласман во следната фаза ќе има само за освојувачот на првото место. УЕФА останува на ставот дека нема потреба од менување на форматот на Светското клупско првенство, а првиот човек на Европскиот фудбал неодамна се закани со бојкот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ