Светска банка не ја премисли Кочовска да стави потпис на заемот од 90 милиони евра – бара детали

Нема политичка заднина бидејќи досега потпишав задолжувања од 1,2 милијарди евра, но за заемот од Светска банка кој е наменски мора да знам за што ќе се трошат парите – пред да ставам потпис – вели за Телма дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Кочоска. Таа тврди и дека од  заемот кој е претставен како итен – во ребалансот се вклучени само 20 милиони евра. Од Владата веќе порачаа дека парите се непходни за справување со кризата и заменичката не смее да го одолговлекува кога Светска банка го одбрила во рекордно време. 

Реакцијата на Светска банка не ја предомисли дополнителната заменик министерка за финансии Кочовска да стави потис на заемот од 90 милиони евра. Пари кои треба да обезбедат респиратори, болнички кревети, помош на оние кои останаа без работа. Но, Кочовска вели дека разговарала со Вашингтон, а потпис ќе стави кога ставките ќе бидат транспарентни.

„Правна основа за исплата на средства е Договорот во кој не се споменува исплата на 20% повисока плата за медицинските лица, кои беа и се уште се на првите борбени линии. Поддршка за здравство треба да има, но треба да се знае за што. Оттука отворено е прашањето како ќе се исплати плата по договор, каде што ова не е  предвидено,“ вели за Телма Кочоска дополнителен заменик министер за финансии.

Кочовска не добила одговор што ќе биде со луѓето кои беа натерани да потпишат спогодби за заминување од работа. Но, ресорните министри возвратија дека таа поставува исти прашања и го одголовлекува заемот иако Светска банка излегла во пресрет и веднаш го одобрила кредитот.
Светска банка го објави договорот за заем и потенцираше дека има нулта толранција за корупција а проектот е поделен на три компоненти. Прва компонента е 34,05 милиони евра, втората компонента 54,83 милиони евра а третат е рета компонента 0,99 милиони евра, односно вкупно 90 милиони евра.

Па така,  5,40 милиони евра ќе се користат за подотврување на откривањето на случаите со Ковид 19 и наоѓање на контактите. Но и зајакнување на лабораториите преку набавка на реагенси, потрошни материјали.

18,01 милиони евра се за набавка на медицински материјали вклучувајќи и респиратори, пренамена на здравствените објекти за да се задоволи очекуваниот наплив за болнички кревети. Фокусот е ставен на Инфективната клиника за да се обезбеди простор за нови кревети за интензивна нега.

10,64 милиони евра се за финансирање на придонесите за здравствено осигурување за невработените и за ранливите групи за период од девет месеци, што може да  опфати околу 85.000 домаќинстваили до 300.000 лица.

Со уште 54,83  ќе се финансира привремената поддршка за невработените со обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места во кризата.

27,83 милиони евра се за доделување на привремена социјлана помош на посиромашните граѓани кои пред кризата не ги  исполнувале условите а со оваа сума ќе се прошири опфатот и ќе има нови корисници за период до 9 месеци.

27 милиони евра се за работниците што биле одјавени од нивните работодавачи и кои добиваат надоместоците од осигурување во случај на невработеност. Тие треба да добијат 50 проценти од нивната просечна плата во последните 12 месеци за период од најмногу 6 месеци, пропорционално на бројот на години на стаж.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ