Светлата и темната страна на видео игри

Злоупотребата на интернет и темната страна на дигиталната технологија се прашања кои ги мачат голем број родители.

Времето кое го минуваат нивните деца со мобилните телефони и таблети може да биде корисно, доколку се има јасна цел за креативноста која тие ја нудат, вели Петар Котевски кој веќе дваесет години работи во индустријата за видео игри во земјава и странство.

Исто како родител можам да кажам дека ја делам таа загриженост. Постои како зависност од дигитална технологија и од видео игри кпостои и класифицирана е. Но во принцип не е толку голема колку што родителите се плашат дека е. Треба да разбереме дека децата растат во еден друг свет сега и дигиталната комуникација е дел од нивниот секојдневен живот. Останува на родителите активно да се вмешаат во образованието на нивните деца како се користи овој нов тип на социјализација– вели Петар Котевски од македонската асоцијација за развивање игри.

Секоја видео игра не е губење време и самите родители и наставници треба да умеат да го препознаат и афинитетот кај едно дете.

Ако детето спортува и се дружи надвор од домот нема голем простор за загриженост ако поминува време и со игри и со социјални медиуми. Ако вашето дете има толку голем интерес да игра игри а го бива за ИТ или го бива за цртање или за музика поттикнете го да создава игри. Така може ќе си има и идна професија тоа е нашата организација и тоа се обидуваме да го направиме децата да создаваат игри повеќе отколку што ги играат. Ако ги бидува за тоа нели” – посочува Даниела Спасовска, Македонска асоцијација за развивање игри.

Злоупотребата на социјалните мрежи, вербалносто насилство, кое многу често може да премине и во физичко насилство кај најмладите може да го превенираат и самите родители свесни за моќта на социјалните мрежи.  

Исто како што му се објаснува на дете како да се справи со училишен силеџија во училишниот двор, исто треба родителите да му помогнат на детето како се справи со сајбер силеџија. И да се постават граници, посочува Котевски.

Во никој случај тие граници не треба да бидат забрана за користење на дигиталните технологии, бидејќи на тој начин се создава и отпор кај децата и уште поголема желба да ги користат истите, додава Котевски.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ