Сведоци во “Таргет Тврдина” биле хонорарно ангажирани од СЈО

Двајца сведоци предложени од обвинителството во предметот “Таргет Тврдина” примиле пари од СЈО за работен ангажман, обвинија адвокатите на Мијалков, Јанкуловска и другите обвинети во предметот за масовното прислушување.

Едниот сведок на денешното рочиште во “Таргет Тврдина” потврдил дека бил ангaжиран од СЈО, другиот веќе сведочел минатата недела но адвокатите отпосле дознале преку порталот Отворени финансии дека и тој добил паричен надоместок.

Адвокатите ги открија сумите што ги зеле 2000 евра и околу 22 илјади евра. Обвинителите во овој предмет рекле дека прв пат слушаат дека сведоците што тие ги предлагаат давале услуги за СЈО.

Судиите побарале од нив дополнитлени информации за овие сведоци па ќе одлучат дали нивните сведочења ќе бидат дел од доказниот материјал. Преседан е за сведоци да бидат предлагани лица кои претходно биле анажирани од СЈО и за тоа добивале парични надоместоци обвинува одбраната.

-Направен е преседан согласно законот за кривична постапка сведоците не смеат да бидат во клиентски однос со обвинителството тоа го става сведокот во неприроден однос во кој е задожен да зборува во корист на ЈО спротивно на тоа што законот бара да каже тоа што знае и слушал, вели адвокатот Петар Василев.

За обвинителството нема ништо спорно ниту незаконски затоа што ангажманите и исплатите за сведоците не биле конкретно за предметот “Таргет Тврдина”

Двајцата сведоци имале работен ангажман со СЈО во врска со транскрипција и превод на преслушувани разговори но нивниот ангажман нема никаква поврзаност со конкретниот предмет “Таргет Тврдина”, каде се повикани како сведоци. Не постои реална законска пречка да не бидат сослушани во својство на сведоци, тврдат од обвинителството.

Денешното и последните неколку рочишта се затворени за јавност се на предлог на обвинителството бидејки сведочат поранешни и сегашни вработени во тајните служби.

Поради ова и одбраната не го откри идентитетопт на сведоците.

Обвинението го застапуваат обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска а во судечкиот совет седат судиите Џенета Бектовиќ и Владимир Туфегџиќ

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ