Сведок во „Титаник“: Се печателе лични карти на принципот „прими-предај“ без прашувања

Феркус Али и Али Емес во 2013-та сликале и испечатиле над 500 лични карти на жители на општина Пустец и од местото Гора во Косово. Тие не се гонат кривично во предеметот на СЈО, „Титаник“ за изборни нерегуларности туку денеска во судницата беа повикани од обвинителката Лиле Стефанова да сведочат на кој начин течела организацијата и било спроведувано изадавањето на личните карти на луѓе од дисјаспората без адреса на живеење. Луѓето за сликање ги носел Мунир Пепиќ, обвинет за кого 6 сведоци потврдија дека бил лицето за контакт помеѓу службениците и нарачателите на операцијата.

Во 17 часот дојде Пепиќ и со него имаше уште двајца-тројца со барања за лична карта, и ми рече да се сликаат. Во системот видов дека се од дијаспората, односно живеат во странство. Му реков дека им треба постапка за жителство за Град Скопје. Тој ми рече дека е договорено со началничката Јадранка Гулевска вака да се примаат. По тоа и се јавив на Димчева, а таа ми рече дека началничката и рекла само да се примат барањата и да ја барам Гулевска. Кога и се јавив ми рече дека е договорено со МВР и така е одлучено, а документацијата ќе се доставела отпосле. Ми рече јас стојам зад оваа работа, не се секирај. Ми посочи и трите барања да се стават во посебен плик,

сведочеше сведокот Али

Жители на Гази Баба станувале гласачи во Центар, а со операцијата командувале одворните во одделението за издавање лични карти кои добивале насоки од поранешниот шеф на кабинет на Јанкуловска во МВР, а сега обвинет во „Титаник“, Киро Тодоровски. Друга службеничка ќе посведочи дека операцијата се одвивала по принципот „прими-предај“ иако сите занеле дека недоставувал главниот документ за издавање лична карта.

Искрено не ме интересираше дали барањата се комплетни. Дали ги псоедуваат потребните документи. За тоа ја известив началничката, и и ги пренесов зборвите на Мунир Пепиќ дека тие луѓе се во лоша материјална состојба и не можат лично да дојдат за да поднесат барање со сите потребни документи,

сведочеше Милка Димитровска

За овие злоупотреби обвиенти се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Билјана Бришкоска Бошковски, и 14 други лица за кривична дела против изборниот процес.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ