СУПЕР ГЛОУБ: ВАРДАР-КИЛ НА ТЕЛМА ОД 16.20

Европскиот шампион Вардар супериорно го совлада Ал Мудхар (34-27), првата пречка на  пат кон трофејот на Светското клупско првенство, а денеска во дербито со германскиот гигант Кил, го очекува борба за место во финалето.Кил за влез помеѓу најдобрите четири екипи на турнирот, го порази шампионот на Африка,Замалек (32-28).

Вардар-Кил полуфиналето  од Супер Глоубот во Саудиска Арабија ќе се емитува  екслузивно на Телма од 16.20.

Во второто полуфинале ќе играат Барселона и Ал Вехда ( пренос на Телма 19.00). Барселона го  напаѓа петтиот  наслов  на Светското клупско првентво.Шпанскиот гигант лесно го мина четврфиналето против катарски Ал Духаил ( 38-26) и во походот кон трета по ред титула од Супер Глоубот на ИХФ, се среќава со домаќинот Ал Вехда.Саудијците во четврфиналето го совладаа Таубате 30-26.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ