Супер глоуб 2019 ексклузивно на Телма

Походот на ракометарите на Вардар на титулата Светски клупски шампион ќе имате можност да го следите ексклузивно на програмата на Телма.


Македонскиот, регионалниот и европски првак Вардар во градот Дамам во Саудиска Арабија има можност да се закити и со титулата Светски клупски првак.


Нашите ракометари утре во четврт-финалето на турнирот ќе се соочат со победникот од мечот Ал Мудхар – Њујорк Сити, а стартот на натпреварот е закажан за 19 часот.


Вардар е апсолутен фаворит во утрешното соочување и ќе го чека епилогот од четврт-финалето во кое Замален најверојатно ќе се соочи со Кил, кој денеска во квалификациите за влез меѓу осумте најдобри се среќава со тимот на Сиднеј.


Според жрепката утре во четврт-финалето ќе играат уште Ал Вехда (Саудиска Арабија) – Таубате (Бразил) и Барселона – Ал Духаил (Катар).


Сите четврт-финални средби ќе можете да ги следите низ директни преноси на Телма.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ