Сугарески ги повика машиновозачите да се вразумат и да возат, тие пак не отстапуваат и по цена на откази

Машиновозачите да се вразумат и да возат, имаат сериозни примања, а ние не паѓаме на уцени. Ова им го порача министерот за транспорт Сугарски на машиновозачите кои веќе четврти ден ја бојкотираат работата. Кажа дека за само три дена нанеле штета на железницата од речиси 150.000 евра, а опасноста е уште поголема бидејќи државите кои ги користеле нашите пруги, сега размислуваат за алтернативен транспорт преку Бугарија.

„Со се сите примања што ги имаат прашајте ги машиновозачите колкава плата земаат, со се примања по километар. Да ви го одговорам тоа – сериозни примања, многу поголеми од многу голем деллуѓе во државата. Така што не гледам причина. Се што било побарано се е удоволено. Таму има 7 синдикати. Не може повеќе од 2.000 луѓе што ги работат да ги држат како заложеници, кои што не ги поддржуваат. Така што уште еден апел да се вратат оти овој штрајк е незаконски“

Машиновозачите пак порачаа дека не отстапуваат од нивното барање, дури и по цена на откази. Тврдат платите се далеку пониски од 47.000 денари, сума која ја пресметаа МЖ Транспорт.

Наша одлука последна е доколку они почнаа со одење дома да проверуваат кој биле на боледување, зошто биле на боледување, а тоа не го прават многу одамна,праќаат предупредувачки писма дека доколку не се јавиме повторно на вториот повик на работа дека ќе не отстранат од работа. Ние им порачуваме дека не се плашиме од тоа. Дека доколку они продолжат вака да не игнорираат и не седнат со нас да разговараат ние самите ќе си ги земеме работничките книшки и ќе им ја оставиме железницата на министерот и на нашиот У.О, нека си играат после они железница без нас.

Машиновозачите бараат зголемување на надоместокот за квалитет на работа за 10 проценти. А веќе четврти ден и патничкиот и товарен транспорт во земјава се ставени „во мирување“.

Александра Филиповска

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ