Судскиот совет со подобрена транспарентност, но без суштина

Бурни три месеци имаше судскиот совет а јавноста во тој период очекувала повеќе суштински информации од институцијата која ја контролира работата на судиите. Институтот за човекови права констатирал дека на советот му фалат јавни образложенија за тоа, зошто се разрешени судии, зошто некои се поставени на функција а други одбиени на огласите, но и зошто веќе една година советот не може да назначи судии во скопска апелација.

Инаку судскиот совет во февруари лани распиша оглас за избор на судии во апелациониот суд во скопје. И покрај тоа што имаше закажано седници, обидите пропаднаа, а кусото образложение беше дека нема согласност меѓу членовите. Во септември пак беше разрешен претседателот на врховниот суд Јово Ванѓеловски и судијката од истиот суд, рахилка стојковска но и екс претседателот на кривичен, Владимир Панчевски. Официјални образложенија немаше, а ниту имињата не се објавени,

Според законот седниците за разрешување се затворени за јавност а не смееме да ги објавуваме ниту имињата на разрешените судии. Одлуките пак не се објавуваат се до нивната правосилност. За назначување на судии пак седниците се јавни и секој член поодделно образложува зошто гласал за одреден судија, а се рангирањето се објавува и на сајтот, вели Здравев.

Сепак според институтот транспарентноста на судскиот совет е подобра во однос на порано.  

Билјана Николовска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ