Судскиот совет ќе избира претседател на скопска апелација

Судскиот совет на денешната седница, како што е објавено на веб страницата на советот, треба избира претседател на Апелацискиот суд Скопје и на основниот суд Дебар. Претходно, советот треба да ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседатели на овие два суда.

Членовите на Судскиот совет на затворен дел од седницата ќе го разгледуваат извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од деловникот во судовите доставен од Министерството за правда.

На седницата ќе бидат разгледани и пет барањa за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ