Судиите од врховен сами ќе одлучат дали ќе се изземаат за одлуки поврзани со нивни разрешувања

Деветтемина судии сами ќе одлучуваат дали ќе се изземат од спорната седница на која ќе се одлучува за решение поврзано со нивното разрешување. Од судот денеска и одговорија на Антикорупсиката комисија која се закани дека ќе бара одговорност ако судиите гласаат сами за себе. Од судот, на антикорупционерите им напишаа дека и до сега секогаш се изземале кога имало и најмали сомнежи за нивна непристрасност.

„Во досегашната пракса судиите кои постапуваат по конкретни предмети, секогаш се изземале во постапки во кои постоеле причини за изземање, вклучително и во постапки по предмети за кои се одлучувало на Општа седница, при што не подлегнуваат на било какви надворешни притисоци“, велат од Врховниот суд.

За деветмина врховни судии веќе има отворено постапка за разрешување во судскиот совет. Од друга страна пак токму врховиот суд е исправен пред предизвикот да одлучува дали судскиот совет ќе работи по стар или по нов закон токму за предметите во кои ќе се одлучува за разрешувањето. Антикорупциската им порача да не ни помислуваат да се впуштат во тој предизвик туку да се изземат.

Меѓу деветтемина има од оние судии кои со совите одлуки овозможија бизнисменот Сеад Кочан да избега од земјава. Меѓу нив е и претседателот Јово Ванѓеловски. Судот пак илустративно им испратил и бројќи на антикорупсионерите. Лани биле донесени вкупно 150 решенија за изземање на судии, од кои 146 по барање на судиите. Ветија дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ