Судиите ќе се разрешуваат по повеќе основи

Судиите што ќе откријат доверливи информации од предметите на кои работат, како и тие што нема да ги применат пресудите од Судот за човекови права во Стразбур, ќе бидат разрешени. Власта ги прифати амандманите на ВМРО ДПМНЕ, на Законот за судовите, со кои се бараше зголемување на дисциплинската одговорност на судиите.

Заменик министерот за правда изјави дека клучниот проблем ни досега не беше во законите, туку кај самите судии.

Од предложените 14 амандмани на овој закон, власта прифати седум. Прифатени беа и сите осум амандмани на ВМРО ДПМНЕ на Законот за судски совет, што е исто така дел од реформските закони што ги бараше Европската комисија.Останатите закони од реформскиот пакет, допрва ќе се усогласуваат.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ