Студентката Јована Спасиќ победи на фестивалот „ Денови на Данило Лазовиќ“

Јована Спасиќ , студентка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, победи на фестивалот за рецитирање поезија „ Денови на Данило Лазовиќ “, чие седмо издание се одржа во Прибој- Србија, од 22 до 25 октомври, соопштија од ФДУ. За настапот на фестивалот , Спасиќ ја подготвуваше проф.д-р Тихомир Стојановски, кој на ФДУ предава сценски говор. Лауреатката победи со песната од Петре М. Андреевски, „ Ти направи едно нешто што се прави еднаш“.

Јована Спасиќ е трета година на ФДУ, во класата за актерска игра, што ја водат проф. др. Сузана Киранџиска и Кристина Леловац.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ