Столтенберг: Северна Македонија сега е дел од семејство на 30 држави и една милијарда луѓе

Северна Македоонија сега е дел од НАТО семејството, вака генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека е завршен процесот на пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, откако инструментот за членство за земјава денеска беше депониран во Вашингтон.

„Северна Македонија сега е дел од НАТО семејството, семејство од 30 држави и речиси една милијарда луѓе. Семејство засновано на сигурноста дека, без оглед на предизвиците со кои ќе се соочиме, сите ние сме посилни и посигурни заедно“, изјави Столтенберг.

Од НАТО притоа се информира дека македонското знаме ќе бдие кренато пред седиштетот на НАТО во Брисел в понеделник, но и во Сојузничката оперативна команда во Монс, Белгиија, и во Сојузничката команда за трансформации во Норфол, САД. На кревањето на македонскотот знаме во Брисел ќе присуствува генералниот секретар, Столтенберг, претседавачот на Воениот комитете на НАТО, воздухопловниот маршал сер Стјуарт Пич, како и вршителот на должност во македонската делегација во НАТО, Зоран Тодоров.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ