Столтенберг: Ова е одлука „еднаш во животот“, не може да влезете во НАТО без да го смените името

Упатуваме топла покана до владата на Скопје по имплентација на договорот, да почне со преговорите за членство како 30-та земја, вака на Самитот на НАТО се обрати генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Столтенберг запрашан за парадоксот дека ист процент на граѓани се за влез во НАТО, но и против промена на името, јасно одговори под кој услов Македонија може да стане членка на Алијансата.

„Тоа е на луѓето на ПРЈМ да одлучат, ова е одлука еднаш во животот, не може да ги добијат двете, не може да влезете во НАТО без да го смените името, јас го поддржувам договорот, јасно кажавме дека ќе ги започнете преговорите, дека треба да ги примените сите обврски од договорот со Атина, а потоа ПЈРМ ќе стане 30-та членка на НАТО под новото име Северна Македонија. Изборот е на граѓаните“.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Македонија

Средба Заев – Пенс: Честитки за одговорната одлука за договор со Грција, догодина заедно ќе го прославиме членството во НАТО

Охрабрувачки пораки за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот со Грција упати Потпретседателот на...