Стопанската комора смета дека со субвенционирање на придонесите ќе се зголеми стандардот

Конечно ќе почне долго очекуваното вртење на парите, со зголемување на животниот стандард, вака претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески го поздрави носење на новиот Закон за субвенционирање на придонесите, а презентиран пред штипскиот бизнис сектор од вицепремерот Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев презентираше дека новиот закон за субвенционирање на придонесите, за раст на платите е во фаза на разгледување, по што пратениците треба да го донесат во Собранието.

Реалниот сектор очекува и помош со влегувањето на Германија во рецесија. Сметаат дека треба да се подготват за можните негативни импликации со нарушување на меѓународниот пазар. Анѓушев ги повика штипските бизнисмени да го искористат Законот за финансиска поддршка за инвестиции, бидејќи средства има, а апликацијата треба да ја достават до крајот на септември.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ