Среќа и тага, но и солзи пред кривичниот суд

Роднини, пријатели и блиски на 17-тмината обвинети за случувањата на 27 – ми април. Уште повеќе полиција зад металните огради. Без ниту еден инцидент, но со многу емоции беше дочекана пресудата во кривичниот суд. 16 виновни, и еден слободен – Игор Дурловски. Оперскиот пеач обвинет како еден од водачите на „За заедничка Македонија“, прв зачекори надвор, а и прв пушти солзи радосници пречекан во прегратките на најблиските.

Излагањето на судијката Добрила Кацарска се слушаше на мобилните телефони. Високите затворски казни беа дочекани со револт и негодување.

Обвиентиот Абдуљфета Алими требал да добие слобода, а не 7 години затвор, разочарани коментираат членовите на неговото семејство.

Пред судот се веаа знамиња, присутен на маица можеше да се види и поранешниот премиер  и бегалец во Унгарија Никола Груевски. Поддршка даваа различни патриотски здруженија, но и партиски активисти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ