Средбите на читателите со писателот го продолжуваат животот на книгата

Средбата на читателите со писателот го продолжуваат животот на книгата, вели авторката Николина Андова Шопова. Таа денеска имаше неформално дружење со читателите, на кои им го потпишуваше својот првенец, романот „ Некој бил тука“, за кој ја доби наградата „ Роман на годината“, од Фондацијата „ Славко Јаневски“. За издавачите вакви настани придонесуваат кон поголем интерес за книгите и треба да се организираат почесто. Романот „ Некој бил тука“ , го објави издавачот Темплум, но поради отсуство на сопствен простор за промоција, средбата со читателите се одржа во книжарницата на издавачот „ Или Или“, познат по афирмацијата на млади домашни писатели.

  • За мене е огромна радост што имам можност, на ваков неформален начин да искомуницирам со читателите. Затоа што нивните коментари и впечатоци се на некој начин, продолжување на животот на книгата.Иако оној вистински контакт со неа се одвива во тишина и во изолација, изјави Николина Андова Шопова- добитничка на наградата „ Роман на годината “.
  • Читателите можат да дојдат во директен контакт со самите автори, да ги запознаат лично, да разменат неколку зборови со нив и секако да добијат некаков предвпечаток, пред да ја прочитаат самата книга. И ми се чини дека тоа треба да се развива и понатаму, бидејќи на овој град и на оваа држава им требаат што повеќе културни настани од ваков тип, вели изјава: Игор Ангелков- „ Или Или “.
Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ