Средба Заев – Принц Едвард: Партнерството со Велика Британија ќе продолжи и во иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на неговото височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.

На вечерата, како што стои во соопштението од владината прес служба, премиерот Заев и принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.

Во своето обраќање, неговото височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета.

На вечерата премиерот Заев и принцот Едвард изразиле согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ