Србија оствари победа, но Шведска за неа ќе решава за Главната фаза

Србија го забележа првиот триумф и остана во игра за пласман во Главната фаза на Европското првенство во Хрватска откако во Сплит на првиот меч од третото последно коло во А групата го совлада Исланд со 29 – 26.

Избраниците на селекторот Јовица Цветковиќ во последниот напад преку Петар Ненадиќ не успеа да го совлада Пал Бјоргвин Густафсон за победа од четири голови разлика на седум секунди до крајот. Сега ќе треба да го очекува исходот од вториот меч во „Спаладиум“ арената закажан од 20 часот и 30 минути. Во него Шведска треба да го добие домаќинот Хрватска, па во таков случај ќе извиси Исланд кој ќе го освои четвртото место и ќе ги спакува куферите.

Жарко Шешум и Богдан Радивојевиќ со по пет голови ја предводеа Србија во првиот триумф, додека кај Исланд Гудјон Валур Сигурдсон со осум погодоци беше најефикасен на средбата.

На првиот меч од третото коло во групата Б што се игра во Пореч, Франција ја обезбеди третата победа откако славеше рутинирано против Белорусија со 32 – 25.  Светскиот првак го завери првото место во оваа конкуренција со максимални шест бодови и ќе пренесе четири бодови во Главната фаза без разлика на исходот од вториот дуел од 20:30 часот помеѓу Норвешка и Австрија, која ако победи ќе се пласира во вториот дел од шампионатот.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Вести

„Медена земја“ од четврток ќе се прикажува во Прилеп Наградуваниот макеонски документарен филм „Медена земја“...