Спасовски: Распуштање на Собраниетo нема без носење на законите

Приоритет е да се донесат законите а не да се оди на избори и тоа треба да биде примарно за сите политички партии. Не може приоритет да биде било каков политички интерес, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски по синоќешното одложување на собраниската седница за законот за ЈО.

Во врска со ДУИ, Спасовски рече дека за нов коалициски партнер ќе размислуваат ако дојде до опструирање на законите.

Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив така и ќе ја завршиме, не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме за нов коалициски партнер, изјави Спасовски.

Кога доаѓаат избори секогаш има тензии, рече Спасовски оценувајќи дека тоа е само собирање политички поени. Во врска со повикот на претседателот на Собранието Талат Џафери за лидерска средба денеска Спасовски дециден лидерска средба ќе видиме дали и кога ќе се организира, а распуштање на Собраниеto нема без носење на законите“.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ