Спасовски: Никој не е посилен од државата, ниту политичар ниту религиозен лидер ниту поединец

Премиерот Спасовски на новинарско прашање на настанот организиран при донација на респиратори за медицинските установи вели дека одлуката за полициски час преку викенд ќе се носи исклучиво преку научни препораки.

-Никој не е посилен од државата, ниту еден политичар нитуеден поединец ниту верски и религиозен лидер, изјави Спасовски кој тврди дека одлуката ќе се носи на владината седница во 17 часот врз основа на научни препораки без разлика на политички желби и совети.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ