СП ВО МОТОЦИКЛИЗАМ: МАРК МАРКЕЗ НАЈБРЗ НА ГЕРМАНСКОТО ГРАН ПРИ

Марк Маркез,актуелниот светски  шампион во МОТО  ГП класата денеска  победи на 9 трка од сезоната што се возеше на патеката Заксенринг во Германија.

 

Шпанскиот  ас на Хонда имаше перфектен викенд.Маркез тргна од пол позиција и доминираше на германската патека  откако по слабиот старт  се врати на 1.место.Светкиот првак има серија од шест први места во Премирната класа на Заксенринг,девет во сите конкуренции  и воедно, по петти пат во 2018 се искачи највисоко на подиумот.Соло трка возеше и најпопулараниот МОТО ГП возач, Валентино Роси.Италијанцот на Јамаха го освои 2.место пред клупскиот колега ,шпанецот Маверик Вињалес кој  ја доби битката со Данило Петручи.После 9  од 19 трки ,Маркез  го зголеми бодовното салдо во генералниот пласман  на 165 ,46 повеќе од Роси. Јужноафриканецот Бред Биндер на КТМ победи во Мото 2,во МОТО 3 класата најбрз шпанецот  Хорхе Мартин на Хонда.СП во мотоциклизам продолжува на 5 август во Чешка.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ